еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Путин не бил „потресен“ од санкции на ЕУ, бидејќи немал имот во странство

Рускиот претседател Владимир Путин е рамнодушен кон санкциите против него, бидејќи тој нема имот во странство, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јавија некои руски медиуми.

– Тој е прилично рамнодушен, рече Песков на прашањето како Путин лично ги доживува западните санкции против него, додавајќи дека претседателот на Русија годишно го објавува својот имот.

Песков додаде дека Европската унија има непријателски однос кон Русија и презема непријателски мерки.

– Европската Унија е здружение кое презема, да ги наречеме работите во нивното вистинско име, непријателски мерки против нас, додаде Песков.

Во меѓувреме, некои светски агенции јавија дека Песков рекол оти „Русија ќе може да ги отстрани западните санкции поради нејзината инвазија на Украина“. За денеска е закажан и состанок на Путин со официјални лица за да разговара за економското влијание на санкциите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски банки ќе бидат исклучени од платежниот систем Свифт, одлучија ЕУ и САД

Европска Унија со санкции за Путин и Лавров, ќе им го замрзне имотот

Европа го затвора воздушниот простор за сите руски авиони, најави Фон дер Лајен

МИА/Фото: РТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата го врати работното време по старо: Моловите ќе работат до 22 часот, а недела е неработен ден

Редакција

Од 15 јуни МВР ќе издава регистарски таблици со NMK, намсто со МК

Редакција

Утре кон крајот на денот пороен дожд, грмежи, ветер и услови за локално невреме

Редакција