еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Утре кон крајот на денот пороен дожд, грмежи, ветер и услови за локално невреме

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најави дека утре кон крајот на денот и во текот на ноќта кон понеделник ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Особено на исток и во југоисточните делови процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на краткотрајно невреме со порен дожд, чести грмежи и засилен ветер.

-И во делови од Скопската котлина утре кон крајот на денот и вечерните часови ќе има услови за појава на нестабилност со појава на пороен дожд проследен со грмежи, информира УХМР.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Благој Нацоски „срдечно“ ги поздрави испадите од Бугарија

Редакција

На 42-годишна возраст почина директорот на Железници Транспорт, Мубекир Палоши

Редакција

„Аутомотив груп“ го доби тендерот на Бирото за регионален развој за набавка на џип

Редакција