еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Без резултати од првиот круг на преговори помеѓу Москва и Киев, ќе има втор

Делегациите на Русија и Украина се враќаат во своите главни градови на консултации, откако денеска беше одржан прв круг од преговорите за прекин на конфликтот.

Москва и Киев планираат „втор круг“ разговори за конфликтот, тоа го потврди за западните медиуми, член на украинската делегација.

Украинската делегација ја предводеше министерот за одбрана на Украина, Алексеј Резников, и во неа заедно со Подољак, беа и лидерот на партијата Слугата на народот, Давид Арахамија, министерот за одбрана на Украина, Алексеј Резников, шефот на украинската трилатерална контакт група Андреј Костин, пратеникот Рустем Умеров и заменик министерот за надворешни работи, Николај Точицки.

Руската делегација ја предводеше советникот на шефот на државата, Владимир Медински, а во неа беа и заменик министерот за надворешни работи Андреј Руденко, заменик министерот за одбрана Александар Фомин и претседателот на Комисијата за меѓународни прашања на руската, Дума Леонид Слуцки.

Делегациите на Русија и Украина денеска се сретнаа во белорускиот пограничен град Гомел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија ќе донира воени средства и опрема за вооружените сили на Украина

(Видео) Ќе му се даде ли шанса на мирот: Денеска преговори Украина-Русија

(Видео) Руската рубља драматично паѓа, Русите панично вадат пари од банкоматите

МИА/Фото: Новаја газета/Твитер/видео: Nexta TV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како што Македонија и Грција можеа да го надминат спорот, така и Бугарија да ги зајакне напорите и да го направи истото, изјави Вархеји во видео-обраќање на „Преспа форум за дијалог“

Редакција

Од утре променливо облачно и топло време

Редакција

Од Ковид-19 починале 4 лица, сите со коморбидитети

Редакција