еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Комисијата за заразни болести препорачува укинување на ковид-сертификатите за влез во моловите

Комисијата за заразни болести препорача укинување на ковид-сертификатите за влез во моловите.

„Ова е еден чекор во насока на олеснување на рестриктивните мерки, но ќе бидеме многу внимателни во следниот период, бидејќи не сакаме да постигнеме негативен ефект.

Размислуваме и разговараме како полесно да стигнеме до целосно олеснување на рестриктивните мерки,“ рече денеска претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.

Мерката нема да важи за влез во угостителските објекти, велат од Комисијата, додавајќи дека мерките ќе се укинуваат постепено со цел да не се влоши епидемиолошката состојба.

Фото: Ист гејт мол

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Суд во Солун ослободи македонски државјанин уапсен под сомнение за трговија со дрога

Редакција

Нови 29 случаи на Ковид-19 од 2.887 тестирања, бројката на активни изнесува 420

Редакција

За малку избегнати жртви од постизборните пукотници: Проектил завршил во гласачко место и во дом на скопјанец

Редакција