Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека реакцијата на светската заедница на потезите на Русија, вклучувајќи ја и изгласаната резолуција на Генералното собрание на ОН, е хистерична и дека изјавите на официјалните лица се апсурдни, пренесоа руските медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
– Тоа е хистерија, тоа е заплашување, сето тоа заедно. Тие ќе изнесуваат сѐ повеќе и повеќе апсурдни тврдења, рече таа.
Русија, наведе таа, се обидела да го спречи актуелниот развој на настаните во Украина, но Западот избрал да не обрнува внимание на тоа.
– Сето ова е претставено како долго очекувана и посакувана акција на Русија. Сепак, тоа е принудна ситуација. Ова се случи откако беа исцрпени сите можности за преговори, компромиси и објаснувања. Неопходно е да се сфати тоа, нагласи Захарова.
Таа оцени дека „неверојатно е што Западот сега се спушта до такво ниво што не сака да преземе никаква одговорност за настаните во Украина“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Во Русија почнаа да апсаат и деца, бидејќи оставиле цвеќе пред Украинската амбасада
МИА/Фото: Унсплеш