еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ГуливЕр ќе лета двапати неделно од Софија до Скопје и назад

Обновени се летовите на редовната авионска линија Софија-Скопје-Софија. Првиот лет на бугарската авиокомпанија ГуливЕр ќе биде на 26 март 2022 година.

Авиокомпанијата ќе има редовни летови на релација двапати неделно, во сабота и во понеделник.

– Обновувањето на летовите меѓу Бугарија и Северна Македонија е важен чекор за подобрување на транспортната поврзаност меѓу двете земји. Оваа заложба беше преземена од бугарската влада и веќе е реализирана благодарение на нашето добро партнерство со мојот македонски колега Благој Бочварски, коментира министерот Николај Шабев, цитиран од неговиот прес-центар.

Сабев нагласи дека се работи и на тоа што поскоро да се изгради железничка врска меѓу двете земји.

Авиолинијата беше воспоставена на 11 февруари.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Град Скопје ќе потроши 32.500 евра на ручеци и вечери во познати скопски ресторани

Редакција

Од Ковид-19 починаа 10 лица, најмладите на 33 и 44-годишна возраст

Редакција

116 земји го поддржаа повикот на Австралија да се спроведе независна истрага за потеклото на Ковид-19

Редакција