Заменик претседателот на рускиот Безбедносен совет, Дмитриј Медведев на Твитер им „честиташе“ на Европејците за тоа што цените на гасот ги довеле до рекорд со наметнувањето на санкциите на Русија.
„Можам само да им честитам на далекувидите европски колеги кои успешно се борат против лошите Руси и Северен тек 2“, напиша Медведев.
Канцлер ФРГ Олаф Шольц поручил остановить сертификацию газопровода «Северный поток – 2». Ну что ж. Добро пожаловать в новый мир, в котором уже скоро европейцы будут платить 2000 евро за тысячу кубов газа!
— Дмитрий Медведев (@MedvedevRussia) February 22, 2022
Тој во февруари предупреди дека германската одлука за прекинување на сертификацијата на Северен тек 2 ќе предизвика вртоглав скок на цената на гасот во Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европејците ќе плаќаат и до 2.000 евра за илјада кубни метар руски гас, а Србија и Унгарија 270 евра
Цената на гасот во Европа бележи вртоглав раст четврти ден по ред. Вчера според податоците на берзата ИЦЕ во Лондон, достигна ниво од 4.000 долари за 1.000 кубни метри, што е апсолутен рекорд на сите времиња.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Девојче ја пее „Let it go“ во скривница во Украина, снимка која го обиколи светот
(Видео) Многу Руси не знаат што се случува во Украина, ќе дознаат кога војната ќе ги удри по џеб
Фото: Медведев/Фејсбук