Денеска во Штип беше отворена Спомен собата на првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров.
Сместена е во Општинскиот мултимедијален центар што го носи неговото име, а се презентирани негови лични предмети, фотографии, документи, ордени и признанија кои му биле доделувани во текот на неговата долгогодишна политичка кариера.
Во трајна сопственост на градот Штип и на Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“ им ги отстапи неговата ќерка Донка Глигорова.
На отварањето присустуваше и премиерот Зоран Заев и неговиот соопартиец, градоначалникот на Штип, Благој Бочварски и други преставници на власта.
Новоизградениот Мултимедијален центар во Штип, кој го носи името на Киро Глигоров е изграден со европски пари.
Фото: Општина Штип
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.