Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 7 починати лица од Ковид-19: три починати лица од Скопје (73г, 84г и 87г) и по едно починато лице од Куманово (67г), Охрид (68г), Штип (71г) и Кавадарци (56г).
Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 6 починати лица од: Гевгелија (2), Струга (1), Неготино (1), Прилеп (1) и Велес (1).
Починатите лица се на возраст од 58г. до 85г. Лицата се починати во период од 11.02. до 05.03.2022. Од пријавените починати лица, 2 се починати во болнички услови и 4 лица се починати во домашни услови.
Сите починати лица (13), се со регистрирани коморбидитети.
Вкупниот број на починати е 9.117.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: 468 оздравени од Ковид-19
43 се реинфекции: 318 нови случаи на Ковид-19 од 2.358 тестови
Фото: МЗ