еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Во војната во Украина досега убиени двајца новинари

Градоначалникот на Ирпин, Олександар Маркушин изјави дека од вчера на новинарите им е забранет влез во градот.

Одлуката е донесена откако загина американскиот новинар Брен Рено (51) при напад на руските сили, кои отвориле оган врз автомобил во движење. При нападот повредени се уште двајца новинари и се хоспитализирани.

– Почнувајќи од денеска им забрануваме на новинарите да влезат во Ирпин. Сакаме да ги спасиме нивните животите и на нашите бранители, истакна Маркушин.

Тој, исто така, ги повика новинарите и украинските цивили да не објавуваат информации на интернет за воениот персонал, нивната опрема или нешто што може да укаже на нивната локација.

„Од почетокот на руската инвазија во Украина убиени се двајца новинари. Јевгениј Сакун, дописник и снимател на украинскиот телевизиски канал „Лајф“, кој работеше и за шпанската новинска агенција ЕФЕ, загина за време на нападот врз телевизиската кула на 1 март“, соопшти Меѓународната федерација на новинари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Американецот Брен Рено е првиот странски новинар убиен во Украина

МИА/Фото: Украинско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светот ја губи својата човечност, Блискиот исток е на работ на бездна, вели шеф на ОН

Редакција

37 се реинфекција: 223 нови случаи на Ковид-19 од 2.365 тестови

Редакција

Малата Матеа ја чека операција на мозок, потребни се донации

Редакција