еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Од утре се укинува задолжителниот ПЛФ формулар за влез во Грција

За патување во Грција, од утре, повеќе нема да биде потребно да се пополнува формуларот ПЛФ (Passenger Locator Form), што веќе 20 месеци беше задолжителен и неопходен документ за влез во земјата, а важеше и за државјаните на Северна Македонија кои патуваат кај јужниот сосед, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за туризам на Грција, Василис Кикиљас пред десет дена соопшти дека „по препорака од Комисијата на епидемиолози од Министерството за здравство, од 15 март 2022 година се укинува пополнувањето на формуларот Passenger Location Form (ПЛФ) за сите посетители од сите земји за влез во Грција“ и додаде дека укинувањето го олеснува процесот за влез на туристи и акцентот ќе биде на контролата на сертификатите.

Измените се вклучени и во последната министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19“, што е во сила до 21 март 2022 година, а како што веќе објави МИА минатата седмица, предвидува дека „сите патници во Грција, без разлика на националноста и начинот на влез во земјата до 14 март 2022 година, го пополнуваат електронскиот формулар ПЛФ“.

Задолжителното пополнување на ПЛФ формуларот, Грција го воведе на 1 јули 2020 година кога по првиот бран на Ковид-19 и првиот карантин постепено почна да ги отвора границите за странски државјани.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заради бегалската криза, зголемен број на војници и полицајци се распоредени на границата со Грција

Редакција

Рекордни 241 нови случаи на заболени од корона вирусот во Македонија

Редакција

(Видео) Дали Вања е убиена порано, објавени снимки од возилата со кои е грабната

Редакција