еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Насилник ги исекол цевки за довод на медицински гас во Заводот за нефрологија во Струга

За брзо време ќе бидат санирани оштетените бакарни цевки на централниот довод на медицински гас до операциската сала во Специјалната болница за нефрологија во Струга, изјави за МИА директорот Александар Попоски, според кого, ова е второ оштетување на цевките за довод на медицински гас во болницата.

МВР денеска информираше дека Д.Д.(61) од Струга, вработен како анестезиолог во ЈЗУ Специјализирана болница за нефрологија – Струга, пријавил оти непознат сторител насилно дејствувал на цевките на централниот довод.

– На 17 март во временски период од 17 часот до моментот на пријавување, односно вчера до 10.05 часот,  непознат сторител со употреба на предмет насилно дејствувал на цевките на централниот довод за гасови на машинската куќа до салата за операција во болницата, така што прво била оштетена надворешната обвивка, потоа во внатрешноста од цевката насилно биле исечени бакарните цевки кои произведувале медицински гас до операционата сала во зградата и потоа го напуштил местото на настанот, стои во МВР билтенот.

Извршен бил увид од увидна екипа на Полициската станица Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Нема починати од Ковид-19

Редакција

Детален преглед: „Тепачка“ за пари од изборите меѓу македонските медиуми

Редакција

Можете да се пријавите за вакцинација против Ковид-19, еве како

Редакција