еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Фото) По повеќе од 20 години во скопската Зоолошка се родија три лавчиња

По повеќе од 20 години во скопската Зоолошка се родија три лавчиња, соопштуваат од Град Скопје.

Директорот на Зоолошката градина – Скопје, Кристијан Стаменов вели дека лавчињата се стари само неколку дена, а посетителите ќе имаат можност да ги видат кога ќе бидат доволно возрасни да можат самостојно да се движат низ надворешното живеалиште.

По тој повод градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска извршила увид во живеалиштето на лавчињата.

-Ова е една од најубавите работи кои се случиле во Зоолошката градина во Скопје, лавчињата се одлично згрижени, а вработените во Зоолошката градина со професионалност и со внимание се грижат за мајката и малите да се безбедни и да ги имаат сите услови во внатрешното живеалиште каде што се постојано набљудувани, вели градоначалничката Арсовска.

Градот Скопје ги известува сите љубители на животни и посетители на ЗОО – Скопје, дека во идниот период ќе имаат прилика да учествуваат во давањето имиња на трите лавчиња.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали некој се уште прислушува: Дел од „бомбите“ на „Ел Чека“ се после формирањето на СЈО и ОТА?

Редакција

Бугарија прва даде виза за прием на Македонија во НАТО

Редакција

Судењето за несреќата кај Ласкарци формално почна од почеток

Редакција