еМагазин
Image default
Техно

Македонски Телеком ќе додели педесет фудбалски стипендии за талентирани деца

Пред самиот почеток на најголемиот светски фудбалски настан, Македонски Телеком почнува нова кампања со слоган: „Ги поддржуваме ѕвездите на иднината” за поддршка на млади талентирани идни фудбалери.

Телеком ќе обезбеди педесет стипендии за деца од седум до дванаесет години за фудбалската академија на ФК Вардар. Целта на оваа иницијатива е да им се даде поттик на талентираните деца да го остварат својот потенцијал.

На веб-страницата www.footballstars.mk се дадени сите детали за процесот на аплицирање и селекција на најталентираните. За почеток сите заинтересирани треба да снимат видео во кое ќе покажат колку се вешти со топка и тоа во жонглирање, водење топка и завршница со шут на гол.

Потоа, од испратените видеа скаутите од Фудбалската амадемија на ФК Вардар ќе селектираат поголем број талентирани играчи кои ќе бидат повикани на голем настан во Скопје.

На настанот ќе бидат организирани повеќе фудбалски мечеви каде што младите фудбалери ќе можат во живо да го покажат својот талент. Скаутите на крај ќе одберат 50 најталентирани кои ќе ги добијат стипендиите.

Повеќе информации на https://www.footballstars.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија ги има новите еСпорт шампиони

Редакција

(Видео) Жена од Кина стана хит откако искрши робот преку кој требало да закаже преглед кај лекар

Редакција

(Фото) AI Tech Summit Скопје – нови технологии за подобра иднина

Редакција