еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Македонија и на други четири локации во Европа ќе се одржи голема воена вежба

Владата на седница ја усвои Информацијата и донесе одлука за одобрување на влез и престој на странски вооружени сили на територија на Македонија поради учество на вежбата „Swift Response – 22“. -Со оваа одлука, Владата ги задолжи надлежните институции да преземат мерки за непречено преминување на државната граница на повеќе од 850 воени и цивилни моторни возила, 8 авиони, 24 хеликоптери, 5 беспилотни летала, вооружување, муниција, опрема и материјално-технички средства на вооружените сили на странските држави, на територијата на Република Северна Македонија, се наведува во владиното соопштение.  Вежбата „Swift Response – 22“ е дел од вежбата „Defender Europre22“, со учество на поголем број припадници на армиите од НАТО Алијансата и Партнерството за мир и ќе се изведува истовремено на пет локации низ Европа.

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ОН: Речиси илјада новинари се убиени во последните 10 години

Редакција

Санкционирани 67 автобуси кои вршат превоз на ученици, 17 упатени на вонреден технички преглед

Редакција

Како и Заев љубител на мотори: Колку е богат Костадин Костадинов, новиот портпарол на СДСМ

Редакција