еМагазин
Е-излог

(Фото) Исклучителен матурски изглед со Aristoteli Bitsiani

Како и секоја пролетна сезона, Fashion Group изработи нов водич за матуранти со кој ги предлага најновите трендови и парчиња од брендот Aristoteli Bitsiani. Специјалниот едиторијал е фотографиран во прекрасниот објект на Македонска Филхармонија, сликан од објективот на Ани и Дими.

Како модел се појавува младиот Христијан Стојаноски од Моделс Ин, шминката е на Васе Доковски. Минималистичкиот простор на филхармонија совршено доаѓа во контраст со комбинациите кои се предлагаат за оваа сезона, притоа истакнувајќи го уникатниот формален стил.

Волуменскиот простор, прекршувањето на светлината, целокупната комбинација на парчињата, моделот и фотографот создаваат слики од безвременска димензија. Инаку, во пролет-лето колекцијата доминираат пастелните нијанси на палтата и панталоните, на кои преовладуваат суптилни шари и текстури.

Кошулите се збогатени со различни дезени, а деталите се поуникатни од кога било – џебни марамчиња со флорални мотиви, точкест дезен на вратоврските и цветови во секакви бои кои се закачуваат на реверот и се највпечатливиот детаљ во колекцијата.

За оние кои сакаат покласичен изглед – црниот смокинг во Џемјс Бонд стил е разигран со додатоци во импресивна црвена боја, па не плашете се наместо црни чевли да го искомбинирате со мокасини со реси во лакирана „огнена“ нијанса.

Едноставното тегет одело збогатете го со контрастни бои – портокалови детали на вратоврската и необичен цвет на реверот. Водичот наскоро ќе биде достапен во продавниците Bitsiani, како и на онлајн страната на Fashion Group. Доколку сакате исклучителен матурски изглед, одлучете се за парчињата на Aristoteli Bitsiani!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) „Тимберленд“ овој викенд подготви вистинска дизајн лабораторија во продавницата во Skopje City Mall

Редакција

(Галерија) Тајната есенска градина на Women’secret

Редакција

(Фото) Каролина во MANGO и во најубавата боја на сезоната

Редакција