еМагазин
Image default
Е-излог

(Фото) Нова кампања „Summer dreaming“ на Fashion&Friends

Новата кампања на Fashion&Friends посветена на летните трендови е инспирирана од култното американско летувалиште The Hamptons.

Тоа не е случајно, бидејќи кога се работи за елеганција во летната сезона, ретко што постигнува “wow” ефект како елегантниот микс на пастелни бои и патиниран тексас материјал. Кога се материјалите во прашање, природните ткаенини го имаат приматот, а кроевите може да се опишат како класика со пресврт за впечатлив стајлинг.

Наместо сон на летната ноќ за жешките месеци кои доаѓаат Fashion&Friends Ви нуди можност за сонување со текот на целиот ден со парчиња од брендовите Replay, Diesel, Guess, Levi’s, Scotch&Soda, Superdry, Desigual и др.

Кампањата ”Summer Dreaming” на Fashion&Friends е изработена во Белград со модели од агенцијата FOX и креативно раководство на Јасенка Стекиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Биди и ти еко-херојот на Timberland!

Редакција

(Фото/видео) Летна приказна на Манго: High Summer Campaign 2018

Редакција

(Фото) Каролина во MANGO и во најубавата боја на сезоната

Редакција