еМагазин
Image default
Македонија

Алијанса за Албанците: Резерви за веродостојноста на Пописот, ги анализираме резултатите

После објавувањето на резултатите од Пописот на населението, Алијанса за Албанците е во процес на разгледување на објавените резултати, и наскоро ќе излезе со детална анализа на истите, велат од партијата.“Но, на прв поглед ги изразуваме нашите резерви во веродостојноста на овој процес, особено во два сегмента. Над 132.000 граѓани се импутирани и не попишани на терен, додека ние сметаме дека бројот од околу 260.000 грѓани кои што живета надвор не соодвествува со реалноста и со публикуваните податоци до сега од страна на меѓународните организации.Овие две точки ствараат големи дилеми околу тоа како е извршен Попиот на овие граѓани, дали се опфатени сите граѓани или пак е извршена некоја селекција.Не може да се вреднува како веродостоен еден Попис каде што околу 8.5% од вкупното население, и на резидентното население, не им се знае националната припадност.

Не е веродостоен и бројот од околу 12% на граѓани во дијаспората. Ова поради тоа што многу меѓународни инстанци, како што е Светската банка и Еуростат непрекинато се имаат изјаснето дека најмалку околу 30%  од граѓаните на Северна Македонија ја имаат напуштено земјата во последните децении.Плус уште една работа што сакаме да ја изнесеме при овој случај е дека постои една контрадикција меѓу изјавите на претседателот на Заводот за статистика, Симовски после завршувањето на Пописот со соопштените резултати.

Имено веднаш после завршувањето на Пописот тој изјави дека вкупниот број на попишани граѓани, резидентни и нерезидентни во државата е 2.037.000. Додека според објавените резултати таа бројка е 2.098.000.

Ако пописот е завршен на 30. септември, се поставува прашањето од каде произлегоа 60.000 граѓани повеќе, што се запишани после крајниот рок кој што беше 30. септември“, изјави Халил Снопче, пратеник на Алијанса за Албанците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Резултатите од Пописот се фалсификувани и штелувани

ВМРО-ДПМНЕ: Бројките од пописот се поразителни, а операцијата некомплетна

За СДСМ Пописот е исклучително успешен и спроведен согласно закон и сите правила на Евростат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Граѓанските организации со остра осуда за пропустите во врска со бегството на Груевски

Редакција

Намалување од 14,6%: За една недела 5.518 нови случаи на Ковид-19

Редакција

ДУИ поднесе речиси 5.000 амандмани на Изборниот законик

Редакција