еМагазин
Image default
Локално

Пожарот во штипскиот магацин за детски играчки ставен под контрола

Пожарот во магацинот со детски играчки на компанијата „Андреј компани“, кој е лоциран во близина на штипската приградска населба „Три чешми“ е ставен под контрола.

Командирот на Територијалната противпожарна единица на Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека околу 80 проценти пожарот е локализиран, а во моментот, пожарникарите работат на негово целосно гаснење.

– Објектот е опколен со пет возила и 25 пожарникари, од кои 20 се штипски, а петмина се од Кочани и Свети Николе. Објектот постојано се лади, со цел да не се прошири огнот на останатите објекти, изјави Коцев.

Направена е голема материјална штета, а на увид излезе и полицијата. Гаснењето се одвиваше непрекинато четири часа.

Според првичните изјави од вработените дадени на пожарникарите во дојавата, пожарот настанал од запалено ѓубре во близина на магацинот, по што поради силниот ветар се раширил во самиот објект. Вработените се евакуирани навреме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Од запалено ѓубре изби пожар во магацин за детски играчки во Штип

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се уште активен пожарот кај охридските села Вапила и Сирула, 26 се изгаснати во изминатото деноноќие

Редакција

Малолетничка при обид да избега од Клиниката за психијатрија, паднала од височина и се здобила со тешки телесни повреди

Редакција

Во скопски Бутел со експлозив се обиделе да ограбат банкомат

Редакција