еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поевтинуваат дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство

Цената на дизелот од полноќ се намалува за два денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари за литар. Цената на бензините останува иста, одлучи попладнево Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според новата одлука, малопродажната цена на дизелот ќе биде 85,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 81,5 денари за литар.

Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава по цена од 83,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 85,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот се намалува за 1,217 ден/кг и со тоа новата цена ќе биде 56,130 ден/кг.

Со оваа најнова одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Светот го има Холивуд, а ние Глувовуд на Скопска Црна Гора

Редакција

Франција со обучувачки летови на воени авиони над БиХ

Редакција

Агенцијата за задолжителни нафтени резерви склучи договор со Лукоил вреден 487,8 илјади евра

Редакција