Времето попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22 степени.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за ретка појава на ситен град, а повеќе услови ќе има во источните делови.
Во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно и посвежо, со повремени локални врнежи од дожд, а на планините ќе има врнежи од снег.
Утре ќе дува силен југозападен ветер, а попладне на места повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.