еМагазин
Image default
Бизнис

СОНК денеска на нови преговори со Владата за платите

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) на Фејсбук-страницата соопшти дека преговорите со Владата ќе продолжат вечер во 18 часот, во просториите на Министерството за финансии.

По средбата на делегација од СОНК во Владата во вторникот, ова ќе биде нов обид за договор за исполнување на барањето на Синдикатот за зголемување на платите односно усогласување со минималната во дејностите образование и детска заштита.

По средбата на делегација на СОНК предводена од претседателот Јаким Неделков со Владата на 29 март, Синдикатот соопшти дека од 11 април вработените во училиштата и градинките ќе стапат во генерален штрајк доколку не се исполнат нивните барања.

Владата во соопштение, пак, истакна дека е отворена за континуиран дијалог „со цел изнаоѓање одржливи и системски решенија кои ќе постават рамка која ќе го заштити стандардот и интегритетот на наставниот кадар, а со акцент на стартната позиција врзана со социјалниот статус на вработените во воспитно-образовниот систем како основ за понатамошните разговори“.

СОНК бара зголемување на платите за 18,5 проценти односно нивно усогласување со миниманата плата која од овој месец се зголемува од 15.200 на 18.000 денари и дополнително минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефицинетите на сложеност на работни места.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од април исклучените од парно нема да плаќаат фиксен надоместок

Редакција

Влегуваме во неизвесност која е катастрофална за бизнисот, вели Азески

Редакција

Нема „зима“ за банките: Растат депозитите на граѓаните и компаниите

Редакција