еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нема „зима“ за банките: Растат депозитите на граѓаните и компаниите

Во јули вкупните депозити бележат месечно зголемување од 1,3%, во услови на раст кај двата сектора, поинтензивен кај корпоративниот сектор, соопшти Народната банка.

Анализирано на годишна основа, во јули продолжува нагорниот тренд на раст на депозитите, кој достигна 11,3%. Овие остварувања се резултат на растот на депозитите на двата сектора, со поизразен придонес на депозитите на секторот „домаќинства“.

Кај вкупните депозити на корпоративниот сектор, втор месец по ред е евидентиран месечен раст од 2,3%. Месечниот раст главно произлегува од денарската компонента, односно од зголемувањето на депозитните пари и краткорочните депозити во денари. Годишниот депозитен раст од 13,5%, покрај на депозитните пари (кои објаснуваат 58,5% од годишниот раст), се должи и на зголемените краткорочни и долгорочни депозити во странска валута.

Во јули, вкупните депозити на домаќинствата бележат нагорна месечна и годишна промена од 0,6% и 9,0%, соодветно. Анализирано од аспект на валутната структура, месечниот и годишен раст го движи растот и на денарската и на девизната компонента, при малку поизразен придонес на депозитите во денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) „Дивелоп груп“ блиска до Мијалков гради хотел во Охрид, велат од „О2 Инцијатива„

Редакција

Стопанска банка Скопје почна со банкоосигурување во соработка со Кроација Осигурување/Неживот и УНИКА Лајф

Редакција

ЕУ нема конкретен одговор кога ќе пристигнат ветените вакцини на Западен Балкан

Редакција