The Baking Factory („Бејкинг фектори“), првата македонска компанија за правење тортилји, овој месец стартува со долгорочна акција за донирање на дел од произведените тортилји на Црвениот Крст.
Веќе стационирана на македонскиот пазар од 2020 година, тортилјите на „Бејкинг фектори“ се познати под брендот Yummy.
Со донацијата на калото во целост, „Бејкинг фектори“ не поседува кало, односно немаат загуби на количество и се фокусираат на практична помош. Донацијата се планира да биде доставувана секој месец до пунктот за бездомници на Црвен Крст на град Скопје и на кратокрочен и долгорочен план да се направи разлика и да се помогне таму каде што е најпотребно.
Преку овој потег, првата македонска компанија за тортилји, поставува пример, којшто е воедно и апел до сите македонски компании да се насочат повеќе кон грижа за општеството преку реализација во пракса на активности од општествена одговорност во различни сфери.
Првиот дел од акцијата на „Бејкинг фектори“ е обезбедување на храна на оние на кои им е најпотребна, а тука спаѓаат сите лица од ранливи категории, кои се корисници на донации од Црвениот Крст, и кои ќе имаат можност вкусните тортилји подготвени од домашни производи, да бидат секојдневен дел од нивните трпези.
Вториот дел од оваа општествено одговорна акција, е намалување, а во иднина и прекин на уништувањето на стока и амбалажа во Дрисла, со што директно се намалува емисијата на штетни гасови во воздухот.
Со ваквиот потег, се влијае директно врз оперативниот обем на Дрисла, а со тоа и врз бројот на штетни емисии во воздухот.
Позитивниот ефект во имплементирање на вакви акции, дури и чекор по чекор, коишто влијаат во намалување на загадувањето на воздухот и зачувување на самата животна средина, е нешто коешто треба да биде една од примарните цели на секоја македонска компанија, секој месец од годината…