еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

„На крајот ќе се гледаме низ нишани“: Медведев за протерувањето руски дипломати

Русија ќе одговори пропорционално на протерувањето на нејзините дипломати од голем број западни земји, изјави поранешниот руски претседател и потпретседател на националниот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев.

„Сите го знаат одговорот: тоа ќе биде симетрично и деструктивно за билатералните односи. Кого казнија? Пред сè себе си“, објави тој на Телеграм.

Франција вчера соопшти дека ќе протера 35 руски дипломати поради инвазијата во Украина, а Германија посочи „значителен број“ руски дипломати кои се прогласени за непожелни.

„Ако вака продолжи, ќе биде соодветно, како што напишав на 26 февруари – да се затвораат вратите на западните амбасади. Ќе биде поевтино за сите. И тогаш на крајот само ќе се гледаме еден на друг на никаков друг начин, освен низ нишани“, наведе Медведев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Некои од телата во Буча лежеле на улица со недели

(Вознемирувачко видео) Нова масовна гробница во село во околината на Киев

МИА/Фото: Медведев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска протест за неприфаќање на „францускиот предлог“

Редакција

(Видео) Благој Нацоски со песна потсети дека Бугарија му должи извинување на македонскиот народ

Редакција

(Фото-галерија) ВМРО-ДПМНЕ протестираше во 11 градови: Утре блокада на Скопје

Редакција