еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Дваесетгодишен скопјанец усмрти 54-годишен пешак на автопатот Скопје-Куманово, па избегал

Дваесетгодишниот скопјанец Џ.И. со живеалиште во Швајцарија, синоќа, во 20:43 часот, на автопатот Скопје-Куманово, со возило „ауди“ го удрил 54-годишниот Г.С., кој починал на самото место, соопшти МВР.

– На 18.08.2023 во 20.43 часот во скопското СВР било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, на излез од главниот град, скопјанецот Џ.И. (20), со живеалиште во Швајцарија, управувајќи патничко возило „ауди“ со швајцарска национална ознака, го удрил пешакот Г.С.(54) од с. Пчиња, кумановско, по што го оставил возилото и го напуштил местото.

Од здобиените повреди пешакот Г.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, известуваат од МВР.

Околу 21.40 часот, Џ.С. сам се јавил во Општа болница Куманово каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Додека се чека новиот претседател: Како Глигоров, Трајковски, Црвенковски и Иванов ги бранеа Македонците

Редакција

Закана за општата безбедност: Околу 40.000 нерегистрирани и неосигурени возила активно се вклучени во сообраќај

Редакција

Албански државјанин нападнал полицајци во Струга

Редакција