Тренерот по џудо, Рубин Пеески, кој беше обвинет за обљуба на четири малолетни девојчиња на кои им бил тренер, доби казна затвор од 20 години.
Тој е осуден за четири кривични дела „Обљуба и злоупотреба на службената положба и овластување“ врз малолетни девојчиња кои наполниле 14 години, според членот 189 од Кривичниот законик.
Досудена му е единствена казна затвор од 20 години и му е изречена и забрана за вршење дејност и професија во траење од 10 години.
Според обвинението, во текот на 2020 година во Прилеп и на други места, заради задоволување полови страсти, со злоупотреба на својата положба, извршил полови дејства врз деца кои наполниле 14 години.
За случајот јавноста дозна на почетокот на минатата година кога еден од родителите го пријави тренерот во полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинение за прилепскиот тренер по џудо, кој беше осомничен за полови дејствија врз четири девојчиња
Фото: Влада