еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Што ќе каже Путин: Турција е подготвена ранетите и загинатите во Мариупол, да ги пренесе со брод од Бердјанск

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот украински колега Володимир Зеленски се договорија Турција да ги пренесе ранетите и загинатите од нападите на руската армија во Мариупол, објави Т24, цитирајќи изјава на украинскиот претседател.

– Турција е подготвена да ги пренесе ранетите и загинатите од Бердјанск со брод, бидејќи е невозможно да се приближи до Мариупол од безбедносни причини. Затоа ранетите и загинатите мора прво да се однесат во Бердјанск.

Ситуацијата во Мариупол е една од најтешките. Турција посредува во оваа специјална мисија. Разговарав со Ердоган, Ердоган разговараше со Путин. Сега се зависи од неговото одобрување (на Путин), рече Зеленски.

Деновиве турскиот министер за одбрана Хулуси Акар изјави дека Анкара е подготвена да обезбеди брод за транспорт на ранетите украински граѓани и загинатите во Мариупол. Тој нагласи дека за ова прашање се преговара со руските и украинските власти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Во Мариупол, градот што повеќе не постои, прекин на огнот за евакуација на цивилите

(Видео) Руски тенкови низ Мариупол

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ИНТЕРВЈУ Ивановска, претседателка на Антикорупциска: Се додека се тргува со пари и за привилегии, вредностите се изгубени

Редакција

Помеѓу настраданите во автобуската несреќа во Бугарија има повеќе членови на едно семејство, најмладата меѓу нив имала 16 години

Редакција

Животот станува сѐ поскап: Минималните трошоци во јули се 60.570 денари

Редакција