еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Целосната забрана на извозот на руска нафта ќе предизвика огромен раст на цената, предупреди американската министерка за финансии

Американската министерка за финансии, Џенет Јелен изјави дека целосната забрана за извоз на руска нафта најверојатно ќе доведе до „огромно зголемување“ на цената на нафтата на светскиот пазар, што би им наштетило на САД и нивните демократски сојузници, пренесува Бета.

Во своето сведочење пред Комисијата за финансии на Претставничкиот дом, Јелен вчера рече дека се надева оти нафтените компании во САД и другите делови на светот, мотивирани од сегашните високи цени на таа енергија, ќе можат да го зголемат производството во следните шест месеци.

Коментирајќи ја ситуацијата во Украина, таа рече дека руската инвазија и злосторствата во Буча се „неприфатлива навреда за меѓународниот поредок заснован врз правила“.

Јелен уште истакна дека руските активности во Украина ќе имаат „огромни последици во Украина во иднина“.

Според неа, прелевањето на кризата ја зголемува економската ранливост во многу земји кои веќе се соочуваат со зголемено должничко опотоварување и ограничени опции додека закрепнуваат од ефектите на пандемијата Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За да ги ограничат цените, членките на Меѓународната агенција за енергетика пуштаат на пазарот 20 милиони барели нафта од резервите

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жолта алертна фаза во целата земја, температурата до 38 степени

Редакција

Плати од 29.866 до 70.052 денари: Објавен оглас за вработување работници за изградба на коридорите 8 и 10д

Редакција

(Фото) Пандев се опрости од македонската репрезентација на натпреварот со Холандија

Редакција