еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Вознемирувачко видео+фото) Додека чекале евакуација: Најмалку 30 цивили загинаа во руски напад на железничка станица во Краматорск

Над 30 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени во денешниот ракетен напад врз железничка станица во Краматорск во источна Украина, изјави шефот на националната железничка компанија.

– Повеќе од 30 луѓе загинаа, а над 100 се повредени во ракетниот напад врз железничката станица Краматорск. Ова е намерен напад врз инфраструктура на железницата и жителите на Краматорск“, напиша Александар Камишин на социјалните мрежи.

Украинското Министерство за одбрана, потврдувајќи ги бројките на загинатите и повредените, соопшти дека ракетните напади биле изведени додека се одвивала евакуацијата на локалните жители.

„Русите извршија два ракетни удари на железничката станица во Краматорск, каде што се одвиваше евакуација на цивили. Но, руските воени злосторници не само што намерно гаѓаа илјадници луѓе; тие користеа касетна муниција“, напиша украинското Министерство за одбрана на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема да прифатам Путин да го нарекуваат Хитлер или лудак, вели Вучиќ по разговор со Путин

(Видео+Фото) Скандал во Грција: Во Парламентот со Зеленски се обрати и борец на нацистичкиот батаљон Азов

МИА/Фото/видео: Твитер/Украинско министерство за одбрана/Nexta TV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минималните месечни трошоци во март 50.070 денари

Редакција

Утре почнува судењето за „Рекет“: Што ќе донесе првото рочиште?

Редакција

Безживотното тело на Ердон Рамадани, момчето кое со автомобил падна во Вардар, идентификувано од семејството

Редакција