еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски: Подготвен сум да разговарам за бришење на процентите, за една изборна единица, за бришење на бадентер

Подготвен сум да разговарам за се. Подготвен сум да разговарам за бришење на процентите, подготвен сум да разговарам и очекувам поддршка и од останатите политички партии, за една изборна единица, подготвен да разговарам за бришење на бадентерот, бришење на балансерот, бидејќи гледам дека одредени политички субјекти сакаат постепено да го напуштат Охридскиот рамковен договор. Тогаш ајде заеднички да создадеме општество коешто ќе го проектираме од денеска па во следните педесет години. Затоа што познавам многу луѓе коишто не сакаат и се чувствуваат навредени што се дел од некаква квота, што се дел од некакви проценти.

Вака одговори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, прашан за коментар околу барањето за уставни измени и промена на категоријата 20 проценти.

Тој рече дека Македонија ја замислува како држава во којашто ќе се напредува според компетенции, квалитети, знаење.

– А не затоа што некој е дел од некаков процент или квота. Затоа овие четири теми мислам дека, оној период кога беа актуелни и донесени, некако како да го надраснаа. Сите денеска сме посвесни, поискусни.

Затоа, ајде да разговараме за бришење и на балансерот и на бадентер, да разговараме и за бришење на процентите, да разговараме за една изборна единица, подеднакво секаде да биде вреднуван гласот. А не во една единица тој да биде пет или пет ипол илјади, а во друга осум или осум ипол. Ајде сите да разговараме за овие теми.

Се надевам дека и останатите политички партии ја гледаат на овој начин Македонија во следните педесет години. Македонија, држава за сите граѓани подеднакво, кадешто ќе се напредува според компетенции, вештини, знаење, а не затоа што некој е дел од квоти, проценти, нагласи Мицкоски во Кавадарци.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Војната во Украина донесе енергетска криза и безбедносни предизвици, вели Пендаровски

Редакција

Зголемување од 11,8%: За една недела со Ковид-19 се заразиле 95 деца на возраст до 9 години

Редакција

Завршни зборови за случајот „Тендери“, во кој е обвинета Елизабета Канческа Милевска

Редакција