Руското Министерство за одбрана соопшти дека не извршиле напад врз железничка станица во источна Украина.
– Сите изјави на претставниците на националистичкиот режим во Киев за „ракетниот напад“ наводно извршен од Русија на 8 април на железничката станица во градот Краматорск се провокација и се апсолутно невистинити.
Потенцираме дека тактички проектили Точка-У, чии делови беа пронајдени во близина на железничката станица Краматорск и објавени од очевидци, ги користат само украинските вооружени сили, додаваат од Министерството во соопштението објавено на Телеграм.
– На 14 март 2022 година, дивизија на 19-та одделна ракетна бригада на Вооружените сили на Украина го нападна центарот на Доњецк со слична ракета Точка-У, при што загинаа 17 лица на лице место, а беа повредени уште 36 цивили, тврди руското Министерство за одбрана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Вознемирувачко видео) Нова снимка од нападот на железничката станица во Краматорск