еМагазин
Image default
Бизнис

На две менувачници ќе им биде одземена лиценцата, бидејќи шпекулираа за денарот на штета на граѓаните, изјави гувернерката Ангеловска-Бежоска

На две менувачници ќе им биде одземена лиценцата, а оние менувачници кои ја прекршиле регулативата, ќе бидат санкционирани со парични казни, изјави гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

На гостувањето во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, гувернерката посочи дека е извршена контрола кај 64 менувачници и дека кај една четвртина од нив се забележани законски неусогласености во работењето.

Ангеловска-Бежоска посочи дека засилените контроли се преземени во насока на заштита на граѓаните, во време кога се забележуваат засилени шпекулации. Освен засилените контроли, таа потсети и дека Народната банка донесе мерка со која им се дозволува на менувачниците доколку немаат евра, да набават од страна на банките.

-Донесовме измена на подзаконски акт, дека ако менувачницата нема доволно девизи во тек на денот може да купи од банките. Инаку на нето-основа, менувачниците имаат вишок на девизи, тие ги откупуваат од граѓаните и понатаму ги продаваат на банките, рече Ангеловска-Бежоска.

Повика на општествена одговорност и да не се шпекулира, особено со стабилноста на денарот, бидејќи стабилноста на денарот значи и макроекономска стабилност и не е во ничиј интерес таа да се наруши.

-Граѓаните не треба да стравуваат – денарот е и ќе остане стабилен. Народната банка води политика на стабилен курс на денарот во однос на еврото и има капацитет и соодветен инструментариум, да го одбрани курсот, како што впрочем тоа го правеше и низ годините, порача гувернерката на централната банка.

МИА/Фото: НБРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 1. јули секое домаќинство и фирма ќе може да постави фотоволтаик и да ја продава произведената струја

Редакција

Од утре леб и за 33 денари, пекарите ќе почнат правна битка со Владата

Редакција

Предлог-законот за 500 метри оддалеченост на обложувалниците од училишта стигна во Собрание

Редакција