еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Закана од Москва: Ако Шведска и Финска се придружат на НАТО, ќе преземе мерки на Балтикот

Еден од најблиските соработници на рускиот претседател Владимир Путин денеска го предупреди НАТО, дека Русија, ако Шведска и Финска се придружат на воениот сојуз предводен од САД, ќе мора да ја зајакне својата одбрана во регионот, вклчувајќи и поместување на нуклеарното оружје.

-Не може повеќе да се зборува за статус без нуклеарно оружје на Балтикот, мора да се постигне рамнотежа. До денеска Русија нема преземено такви мерки и не ни имаше намера, изјави заменик директорот на рускиот Советот за национална безбедност, Дмитриј Медведев.

Финска и Шведска вчера направија голем чекор за приклучување кон НАТО, откако премиерите на двете земји соопштија дека руската инвазија врз Украина го промени „целиот безбедносен пејсаж на Европа и драматично го обликуваше начинот на размислување во нордиските земји“.

Финската премиерка Сана Марин кажа дека нејзината земја, која дели 1.300 километри граница со Русија, ќе одлучи дали ќе поднесе барање за пристапување во Алијансата „многу брзо, можеби за неколку недели, а не за месеци“, и покрај ризикот да ја налути Москва.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да се врати веднаш ветото за Македонија, бара Трифонов, чија партија не влезе во новиот бугарски Парламент

Редакција

Контакт со потврден случај имале 38,1% од новозаразените со корона вирусот

Редакција

Цените на угостителските услуги зголемени за 8,9%

Редакција