еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За влез во Македонија веќе не е потребен сертификат и тест

Владата на денешната седница ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за поседување сертификат за вакцинација или за прележан Ковид-19, како и за негативни ПЦР и антиген тестови за сите домашни и странски државјани при влез во нашата држава.

За оваа одлука денеска со објава на својот Фејсбук-профил информира првиот заменик на претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, посочувајќи дека е укината и мерката за домашна изолација на сопствен трошок во период од 7 дена при влез во државата без горенаведените документи.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривичниот совет ги одби жалбите: Боки 13 и Зоки Кичеец остануваат во притвор

Редакција

Крушево полно со гости за новогодишните празници

Редакција

Блаже Сапунџиев од Кавадарци, кој со години бил на дијализа доби бубрег од Верица Белчовска

Редакција