еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарско МНР „зачудено од остриот став“ за Ванчо Михајлов и обвинува за „антибугарска кампања“

Министерството е „зачудено од остриот став на претставниците на властите во Република Северна Македонија и антибугарската кампања во медиумите во нашата соседна земја во последните денови во врска со отворањето на клубот ‘Културен центар Иван Михаилов’ во Битола на 16 април 2022 година“, се вели во реакцијата на бугарското Министерство за надворешни работи, а која ја пренесува БГНЕС.

„Особено загрижува фактот што се прават обиди Бугарија и бугарскиот народ неоправдано да се изедначат со фашизмот. Ширењето на тенденциозни погрешни толкувања на историјата е имено една од причините поради која имаме Договор за добрососедство и формиравме Заедничка комисија за историски прашања.

Очигледна е неопходноста од постигнување вистински напредок за чувствителните теми од нашата заедничка историја.

Културниот центар „Иван Михајлов“ е регистриран согласно локалната законска регулатива и работи од 2019 година, без досега неговото име да е предмет на видливи негативни реакции кај надлежните и јавноста во нашата соседна земја,“ се вели во реакцијата.

Според Министерството за надворешни работи, сето тоа води до „уверување дека кампањата започната во последните неколку дена всушност не е поврзана со името, туку е насочена против активностите на организацијата, активно ангажирана околу проблемите на Бугарите во Северна Македонија и остварувањето на нивните права“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Да се тврди дека нечиј идентитет е вештачки, фалсификат е неписмено,“ вели Димитров за изјавата на Радев

Ковачевски: Следната недела ќе се знаат идните чекори во врска со здружението „Ванчо Михајлов“, името е провокација

Фото: бугарско МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Напролет нови парламентарни избори во Бугарија, петти за две години

Редакција

Во сабота можност за локално невреме, од недела посвежо време

Редакција

Полицијата постапува по поплаките на Атиџе Муратова: Соседот веќе бил предупреден

Редакција