еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Полицијата постапува по поплаките на Атиџе Муратова: Соседот веќе бил предупреден

Полициски службеници од Свети Николе во моментов постапуваат по телефонската дојава од 56-годишната Атиџе Муратова, главната хероина на документарниот филм „Медена Земја“, која реагирала дека соседот ја вознемирува и се заканува.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека откако полициските службеници ќе ја утврдат фактичката состојба меѓу 56-годишната Атиџе Муратова и нејзиниот сосед јавноста ќе биде информирана.

Инаку Панајотова вели дека во Полициската станица во Свети Николе е евидентирана поплака од 56-годишната Муратова и на 7 јуни.

„На 7 јуни во Полициската станица во Свети Николе во 10.20 часот од страна на 56-годишната А. М од селото Бекирлија, Општина Лозово, било пријавено дека од страна на 50-годишниот Х. С била вознимирувана, од страна на полициски службеници веднаш е постапено и во 11.30 часот во селото Дорфуилија, Општина Лозово Х. С. бил писмено предупреден според прописите“, вели Панајотова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повикот за помош од Атиџе ги „запали“ социјалните мрежи

Луѓе помогнете ми, се плашам за својот живот, вели Атиџе, чии проблеми со соседот кулминираа

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За рускиот министер Лавров се уште не се знае, американскиот државен секретар Блинкен ќе дојде во Скопје за Самитот на ОБСЕ

Редакција

Во сообраќајка на патот Штип-Плачковица загина 25-годишник од Карбинци

Редакција

Се брза со реализација на Преспанскиот договор: Како гласи новата ознака на споменикот на Александар Македонски?

Редакција