еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Во сообраќајка на патот Штип-Плачковица загина 25-годишник од Карбинци

Дваесет и петгодишен жител на Карбици загина синоќа во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Штип-Плачковица.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова информира дека несреќата се случила синоќа околу 21.00 часот помеѓу штипските села Таринци и Нов Караорман.

Сообраќајната незгода се случила помеѓу автомобил „Ауди А5“ со штипски регистарски таблици управувано од 25-годишниот К.Т. од село Карбинци и патничко возило „Хјундаи Аксент” со штипски регистарски таблици управувано од 43-годишниот Д.М. од Стар Караорман.

Во несреќата на место починал К.Т. , а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, додека Д.М. се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничката болница – Штип.

Увид на местото на несреќата извршиле увидна екипа на СВР – Штип и јавен обвинител.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Попусто нови вработувања и партиски ботови: Се бара судски епилог за криминалците од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Редакција

(Видео) Колони во JYSK, откако компанијата соопшти дека ги затвора продавниците во Русија

Редакција

Нови 1.163 случаи на Ковид-19 од 3.927 тестирања

Редакција