еМагазин
Image default
Локално

Жичарницата на Водно од денеска ќе работи до 20 часот

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ поради Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, денеска ќе сообраќаат по неделен возен ред, а билетарниците и центрите за персонализација нема да работат.

Жичарницата на Водно од денеска, пак, ќе работи од 10 до 20 часот.

– Од мај жичарницата работи два часа повеќе од изминатиот период, односно од 10 до 20 часот, согласно одлуката за работното време за период мај – септември. Од 19 – 19.30 часот е последното возење од долу нагоре, а во 19.45 часот ќе биде последното возење од горе надолу, соопшти ЈСП.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тетовец приведен поради напад на поранешната сопруга

Редакција

Дебарчанец „гаѓал“ со предмет судија на фудбалски натпревар во Охрид

Редакција

Скопјанец го застрелал ротвајлерот на соседот

Редакција