еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Попусто нови вработувања и партиски ботови: Се бара судски епилог за криминалците од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во период кога на стаклени нозе се држи правосудниот систем и довербата во извршната власт во земјава поради случајот „Рекет“, пропагадната машинерија во владејачката СДСМ реши со „спинови“ и договорени бот-пораки да се обиде да ги амортизира негативните ефекти од големата криминална афера која пред очите на партијата на власт се одвивала во земјава во време кога се чека правда за криминалците од претходната владејачка гарнитура.

Имено, видни актуелни и поранешни функционери од СДСМ вчера како договорени ја пренесоа пораката дека:

„Нема одлагање! Туку напротив, ќе се забрзат Титаник, Тврдина, Таргет, Транспортер, ТНТ, Титаник 2, Тортура, Тврдина 2, Насилство, Трезор, Топлик, Тендери, Тарифа, Тенк, Труст, Триста, Тотал, Траекторија, Талир, Империја, Странски Служби, Актор, Лидери, Тарифа 2, Транспортер 2, Моќник, Дизајн, Поштенска банка, Пропаганда, Империја 2, Хармонија Базни Станици, Подарок и еден куп други.

Затоа сакаат да ја срушат правдата, да ја стопираат 🇲🇰 да почне преговори со #ЕУ, да влеземе во #НАТО и да одиме напред. Но, ништо не им успеа нема ни ова. Ударот правдата ќе го зададе за секој, ама буквално за секој, и со тоа ќе успее“.

Истовремено, премиерот Зоран Заев вчера на социјалната мрежа Фејсбук објави дека за две години во државава има нови 49.552 вработувања и оти тие бројки се однесуваат за нововработени граѓани, а не за новоиселени.

„Нови 49.552 вработувања во Северна Македонија за две години! Според Државниот завод за статистика, во првиот квартал на 2019 година евидентирани се 789.414 вработени лица, додека во првиот квартал на 2017 година вкупно вработени биле 739.892 лица. Тоа не се ново-иселени лица, туку ново-вработени граѓани, тука, во нашата земја“, наведе Заев.

Меѓутоа, попусто се сите нови вработувања и очигледната договорена порака од ботовите од СДСМ дека аферата „Рекет“ се случува бидејќи следува разрешница од предметите од СЈО.

Граѓаните веќе подзаборавија на содржината од „бомбите“ со кои СДСМ дојде на власт, но затоа многу им се свежи видео и аудио снимките за аферата „Рекет“.

Така што, единствен начин власта да ја врати довербата во институциите е да се завршат сите предмети покренати од СЈО, но и да се гонат сите партиски функционери од СДСМ вмешани во аферата „Рекет“.

Во спротивно, народот ќе ја препознае манипулацијата и тоа ќе значи крај за актуелната владејачка гарнитура на следните избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Пендаровски разочаран: Наместо брза и темелна истрага за „Рекет“, надлежните си отидоа на одмор

Јовески не открива дали и кога Катица Јанева ќе даде исказ за „Рекет“

Заврши судската ферија: СЈО ќе „тера“ со судските предмети и ќе одговара за „Рекет“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој беше Абу Бакр ал-Багдади, „калифот“ кој донесе смрт и ужас

Редакција

Проф. Трајковски: „Не треба да се разочаруваме од намалување на ефектот на вакцината против заразување, сé додека ефективноста против смртен исход е преку 80%“

Редакција

Во Охридското Езеро се удави младиот ракометен голман Никола Даниловски-Џамбо

Редакција