еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Во Охридското Езеро се удави младиот ракометен голман Никола Даниловски-Џамбо

Беживотно тело на давеник утрово е извадено од водите на Охридското Езеро.

Станува збор за младиот голман на ракометниот клуб Охрид и македонски репрезентативец, Никола Даниловски-Џамбо (26), по кого се трагало од синоќа, а случајот бил пријавен и во полиција.

Неговото тело било пронајдено во водите на езерото во близина на туристичката населба Лагадин.

Според првичните информации нема траги на насилство врз телото.

Од Даниловски на Фејсбук се збогуваа од неговиот клуб.

„Последен поздрав од РК Охрид за голманот Никола Даниловски-Џамбо. Засекогаш ќе бидеш еден од нас“, напишаа од РК Охрид.

Даниловски претходно бранеше и за Металуг и Еурофарм Пелистер.

Фото: РК Охрид/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа двајца пациенти од Ковид-19

Редакција

Постигнат договор со жителите од Слупчане, ЕВН ќе ја реконструира мрежата

Редакција

Од четврток топол бран, температури над 40 степени

Редакција