еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Тие што се вакцинирале во странство имаат една недела да се пријават на vakcinacija.mk/revaccination за да се ревакцинираат во Македонија

Министерството за здравство информира дека од денеска заклучно со 6 јуни 2021 година во функција е веб страницата vakcinacija.mk/revaccination, која е за регистрација само на оние граѓани кои се вакцинирале во странство и сакаат да се ревакцинираат во земјава.

-Преку регистрацијата на граѓаните ќе можеме да добиеме детален увид за колкава бројка станува збор, со кои вакцини се вакцинирани и кога треба да се ревакцинираат. Страната за регистрација за ревакцинација ќе биде отворена една недела, по што ќе биде затворена регистрацијата.

На овој начин ќе ги прецизираме количните и типот на вакцини кои ќе ни бидат потребни. Најголем предизвик за ревакцинација на овие граѓани е фактот што дозите не можевме досега да ги планираме и не знаеме со што ќе располагаме во моментот кога тие треба да се ревакцинираат, наведуваат од Министерството за здравство.

Додаваат дека со вакцината на „АстраЗенека“ во земјава ќе се ревакцинираат единствено граѓаните над 60 години.

-За сите останати граѓани после регистрација на сајтот Министерството за здравство ќе направи обид да се обезбедат доволни количини вакцини по што ќе информираме прецизно во јавноста.

Согласно информациите со кои располагаме, најголем дел од граѓаните вакцинирани во странство, пред се Србија треба да бидат ревакцинирани околу 19 јуни, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Само лицата над 60 години кои се вакцинираа во Србија со „АстраЗенека“, ќе се ревакцинираат во Македонија

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Македонија има фалсификување на историјата која ги претставува Бугарите како Татари, рече Џамбаски во Европскиот парламент

Редакција

„Бапал“ го доби тендерот за одржување хигиена во Собранието вреден 86.000 евра

Редакција

Двајца епидемиолози и двајца техничари од Центарот за јавно здравје – Скопје позитивни на коронавирусот

Редакција