еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Двајца епидемиолози и двајца техничари од Центарот за јавно здравје – Скопје позитивни на коронавирусот

Двајца епидемиолози и двајца техничари вработени во скопскиот Центар за јавно здравје се позитивни на коронавирусот.

Директорот на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ), Арбен Зибери на прес-конференција попладнево изјави дека тие се во добра здравствена состојба, на домашно лекување од каде ги извршуваат своите работни задачи.

-Нашите епидемиолози од дома телефонски вршат анкетирање, изјави Зибери, кој додаде дека сите останати епидемиолози во ЦЈЗ се тестирани и се негативни на коронавирусот.

Запрашан за тоа во кои институции и компании се вршени тестирања на вработени, Зибери рече дека тестирани биле и вработени во Управата за јавни приходи, каде позитивна на вирусот е директорката Сања Лукаревска, во Трудовата инспекција, каде имало еден вработен позитивен на коронавирусот, како и вработени од неколку институции на Градот Скопје, од каде исто така има неколку кластери.

-За среќа кластерите ни се познати, изјави Зибери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Караџовски: Семејните собирања за Рамазан Бајрам и ифтарските вечери ни се врати како бумеранг

Кластерите во Скопје од 15 пораснаа на 41: Најголем број од заболените се заразиле на семејни или на други собири

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Никола Димитров: Во државава треба да се забрани фразата: не сме надлежни

Редакција

Минов: Ќе ја напуштам пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, поради исклучувањето на Јанчев

Редакција

Во Грција почнаа процедурите за нови избори, Мицотакис сам неможе да формира влада

Редакција