еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: „Не треба да се разочаруваме од намалување на ефектот на вакцината против заразување, сé додека ефективноста против смртен исход е преку 80%“

Професорот Дејан Трајковски, кој секојдневно прави анализа на ковид-состојбата, направи приближна пресметка на ефективноста на вакцините против заразување и против смртен исход (кај постарите од 60 годии).

„Останува претпоставката за 1.800.000 жители, од која во голема мерка зависи точноста на пресметката.

Бидејќи можеме само да претпоставиме колку лица живеат во земјава, без попис на населението, интервалот на доверба е прилично широк и резултатите се потенцијално прилично искривени.

Уште една причина зошто ни е потребен точен попис и тоа само на резидентното население (тоа население што фактички живее тука, за да не добиеме повторно искривени резултати).

Сосема очекувано, ефективноста против заразување продолжува да се намалува, но ефективноста против смртен исход останува прилично стабилно околу 86%.

Користена е претпоставката дека 95% од починатите биле постари од 60 години и од пресметката не се одземени починатите под 60 години (Министерството за здравство не дава таква статистика истовремено по старост и по вакцинален статус).

Во последно време, како што расте вакцинираноста на постарите од 60 години, започнува да расте уделот на починати под 60 годишна возраст, со што сé повеќе се нарушува претпоставката под која се вршени пресметките. Поради тоа, вака добиената ефективност е малку преценета, поверојатно е дека изнесува помеѓу 80% и 85%.

Во секој случај, не треба да се разочараме од опаднувачката ефективност против заразување, сé додека ефективноста против смртен исход е реку 80%.

Некои производители на вакцини веќе започнале со модификација на вакцините за Делта сојот, а некои се одлучиле да продолжат со трета доза, така што веројатно зимата ќе ја поминеме со постоечките вакцини,“ пишува Трајковски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Ако цели класови не се стават во изолација по регистрирани позитивни, ќе имаме ран почеток на есенскиот бран

Проф. Трајковски: Поради недисциплина и целосната негрижа на населението и здравствените власти, имавме бранови какви што имавме

Фото: Трајковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Угостителските објекти ќе бидат отворени следната недела

Редакција

Ѓорѓе Давид, кој прегази жена, која почина, ја напушти Македонија

Редакција

Наместо гаранции, предупредување од ЕУ за изолација на Македонија ако не ги усвои уставните измени

Редакција