еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: Ако цели класови не се стават во изолација по регистрирани позитивни, ќе имаме ран почеток на есенскиот бран

Ви ја пренесуваме последната анализа на професорот Дејан Трајковски, кој на Фејсбук редовно прави анализи за состојбата со Ковид-19 во Македонија.

„07.09.2021. Мислевме дека големите дневни броеви се веќе минато за Битола, но денешните 31 новодијагностицирани нé опоменуваат дека можеби не е така.

Денеска убедливо е пробиена надолната линија на трендот (портокаловата линија на првиот дијаграм), што секако е лош знак.

Кај 14-дневната инциденца (зелената линија на вториот дијаграм), која прилично ги измазнува дневните промени, засега не се гледа промена, но ако во наредните денови и таа крива тргне нагоре, тоа би значело дека започнува нов нагорен тренд.

Да ги оставиме на страна дијаграмите, но се зборува дека НЕ се ставаат цели класови во изолација по појава на еден заразен ученик во класот. Останатите продолжуваат со работа како ништо да не се случило.

Веќе рековме, има такви модели во светот, но само во земји каде вакцинацијата на учениците е задолжителна.

Вака, не им прават добра услуга ниту на преостанатите ученици, ниту на наставниците.

Проблемите се туркаат под тепих, се форсира некаква привидна нормалност, но тоа е неодржливо на долг рок и не може да остане незабележано.

Доколку цели класови се испраќаат во изолација, растот на дневните броеви ќе може да се заузда, инаку во спротивно ќе имаме ран почеток на есенскиот бран. Не смееме да заборавиме дека имаме работа со Делта сојот, а кај него такви марифетлуци не проаѓаат.

Доколку епидемиолозите имаат интерес да ја испитаат состојбата, најевтиниот начин (без тестирање) е да ги проверат отсуствата на учениците (запишани и незапишани), па доколку се утврди дека има ученици на боледување, веднаш да наложат изолација на нивните класови.

Уште подобро, во училиштата каде што се кријат случаите да се наложи тестирање со брзи тестови на сите ученици, а виновниците за непреземањето дејствија да се казнат.

Наредните денови ќе ни покажат што поточно се случува“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Поради недисциплина и целосната негрижа на населението и здравствените власти, имавме бранови какви што имавме

Проф. Трајковски: Околу 10 или 11 септември бројот на заболени од Ковид-19 ќе се намали на 500 дневно

Фото: Трајковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето на Камчев за „Плацевите на Водно” почнува на 16 јули

Редакција

Македонисимо на Трпчески и пријателите со бесплатни концерти во Штип и Битола

Редакција

(Видео) Внук на Гоце Делчев: Јас сум Македонец и моите предци се Македонци

Редакција