еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Македонисимо на Трпчески и пријателите со бесплатни концерти во Штип и Битола

Нашиот светски афирмиран пијанист Симон Трпчески ја продолжува мини-серијата концерти со македонската премиера на интернационалниот музички проект Македонисимо со настапи во уште два града во земјава.

По спектаклите во струшкото село Збажди и пред Националната опера и балет во Скопје, в недела на 25 септември на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип и в понеделник на 26 септември на платото пред Офицерскиот дом во Битола, со почеток во 19 часот, Трпчески и пријателите ќе го изведат албумот Македонисимо што во издание на британската етикета „Лин Рекордс“ го обиколи светот.

Проектот што по идеја на Трпчески на оригинален начин ја обработува македонската народна музика од страна на нашиот композитор, Панде Шахов, ја изведува уникатниот тим на Македонисимо квинтетот во кој, покрај Симон Трпчески на пијано, членуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело; на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад удиралките е Влатко Нушев.

И оваа изведба, публиката ќе може да ја проследи бесплатно.

Со оваа домашна турнеја се одбележува и 15-годишнината на Здружението за култура и уметност „КултурОп“, чија основна задача е токму поддршката на нашиот пијанист од светски глас.

Светската премиера на Македонисимо се случи пред пет години на престижниот музички фестивал во Лудвигсбург, Германија по што следеше освојување на светските музички меридијани со музичкиот материјал изнедрен од плодната македонска почва.

Концертите се организираат со поддршка од Општина Штип и Општина Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Симон Трпчески и пријателите со историска изведба во струшкото село Збажди: Македонисимо си дојде дома, по пет години промоција низ светот

Трпчески за еМагазин: Македонија ја славиме како што треба да биде свесна дека заслужува, си ги знаеме корените и само треба да ги почитуваме и промовираме

(Видео+фото) Симон Трпчевски со „Македонисимо“ ја разнежни публиката на бесплатниот концерт пред МОБ

Фото: emagazin.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Против државата се водат арбитражни постапки во вредност од 1,365 милијарди евра, последните две покренати во јули и август

Редакција

Ратка Тирицовска од Стопанска банка е добитник на престижната награда PRO PR Globe

Редакција

Притвор за работникот што си го уби газдата Холанѓанец

Редакција