еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Русите бегаат од Русија, ние кај ќе бегаме?

Наместо мир, сите страни инволвирани во војната во Украина, работат на големо на разгорување не само на војната таму, туку и на нејзино излегување од границите на земјата.

Рускиот претседател Владимир Путин мобилизира резервисти, Руси бегаат од земјата, ЕУ и САД ја вооружуваат Украина, а од денеска почна и гласањето на рефрендуми за присоединување на четири украински области со Русија, кои имаат голема шанса да бидат успешни (и пред војната таму живееше претежно руско етничко население), а кои преставуваат 15% од територијата на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во четири украински региони ќе има референдуми за присоединување кон Русија, Путин ги подржа

Тоа ќе значи дека тие ќе станат руски територии, а ако истите бидат нападнати од Украина, која постојано најавува дека ќе си ги врати сите окупирани територии, ќе излезе дека ја напаѓа Русија, а Путин во тој случај најави одговор кој не исклучува и нуклеарно оружје.

Предупредувања дека работите во следните месеци ќе бидат катастрофални стигнуваат од сите страни, а светските политичари се немоќни или не сакаат тоа да го спречат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ со мрачна прогноза: За месец-два ќе влеземе во голема војна на која не и се знаат границите

Кога на тоа ќе се додаде и кризата со енергија и храна, од која во вистинска смисла, се уште ништо не сме виделе, не треба да се биде некој геополитички експерт за да се каже дека ни доаѓа многу тежок период во секоја смисла, од кој и кога ќе заврши ќе се опоравуваме не со месеци, туку со години.

Да не ги заборавиме и Кина и Тајван, каде ситуацијата може да ескалира секој момент, а тоа да се прелее на цела Азија, што ќе значи проблеми плус за храната и енергенсите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Илјадници граѓани бегаат од Русија во Грузија и Финска

Македонија во целиот овој хаос е како изгубен Германец, кршлива, несигурна, се уште без обезбедени енергенси, со ненормални цени, кои не се ништо туку воено провитерство дозволено од државата и секако членка на НАТО со хеликоптери, авиони и тенкови кои можат да се избројат на прсти.

И непријател со тапија на Русија.

Кај ние ќе бегаме?

Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Катарза или агонија: Мицкоски се „сликаше“ со младите, а тие му поднесуваат оставки

Редакција

Нови 72 случаи на Ковид-19, оздравени 35, дополнително пријавени две починати лица

Редакција

За Спасовски судиите се одговорни зошто Груевски е во бегство

Редакција