еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска променливо облачно и потопло со локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и значително потопло, во утринските часови со локален дожд.

Попладне ќе биде нестабилно, претежно во западните делови со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен југоисточен ветер, со брзина и над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во некои делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд. Ќе дува засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 21 степен.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, утре претпладне ќе има услови за локален дожд, а потоа ќе следува сончево време со мала до умерена облачност и значително потопло со температури кои од недела на повеќе места ќе надминат 25 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Проф.Трајковски: „Ако продолжи трендот на висока смртност од корона вирусот, Македонија за кратко време ќе се искачи на врвот во Европа“

Редакција

Учесниците на Парадата на гордоста со завршен настан на Школка

Редакција

Министерство за здравство: Внуката на Филипче е вакцинирана по редовниот календар за имунизација, соодветен за нејзината возраст

Редакција