еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Каков е распоредот за различни категории на граѓани: Бесплатен железнички превоз од 1 мај

Согласно мерките за намалување на трошоците на живот за граѓаните, Владата преку Министерството за транспорт и врски и Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје донесе одлука да се воведе бесплатен превоз во железничкиот сообраќај и тоа:

– Бесплатен превоз на млади лица до 27 години, секоја прва и трета недела во месецот, во период на викенд денови од петок од 12 часот, до понеделник до 12 часот.

– Бесплатен превоз на стари лица, жени до 62 години и мажи до 64 години секој втор викенд во месецот (петок, сабота и недела).

– Бесплатен превоз за студенти секој четврток.

– И бесплатен превоз за сите ученици во средното образование и тоа еднаш неделно во среда.

Бесплатниот превоз се воведува од 1 мај 2022 година, согласно возниот ред на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје за 2022 година.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието купи две лимузини од „МИ-ДА“ за 50.000 евра

Редакција

Кој ќе го лапне тендерот на Министерството за здравство за набавка на гориво?

Редакција

Разидување со Минчо Јорданов: Генералниот директор Златко Симоновски заминува од „Факом“

Редакција