Денеска ќе биде многу интересен ден за набљудување на ноќното небо. Во тек на истата вечер, ќе имаме можност да набљудуваме два исклучително ретки астрономски настани: целосно затемнување на Месечината, и опозиција на Марс – Црвената Планета на овој датум ќе биде најблиску до Земјата во последните 15 години, а со тоа и ќе се гледа најсјајно на ноќното небо, велат Скопско астрономско друштво на фејсбук-настанот за „Ретка глетка: Целосно затемнување на Месечината и најсјаен Марс“.
„Дојдете со нас на Плоштад Македонија во петок (27.07.2018), за заедно да уживаме во овој единствен настан. Се собираме нешто пред 20:30 часот, ги местиме телескопите и се подготвуваме за целовечерно уживање во неповторливото астрономско случување. Сè што ќе ни биде потребно за да си поминеме убаво, е ведро небо“, велат од таму.